2016-08-09 12:23:00

Папата Фрањо на Инстаграм има 3 милиони пријатели


По 20 недели и 143 објави, вклучувајќи и неколку видеоснимки, профилот на папата Фрањо на Инстаграм достигна бројка од 3 милиони пријатели. За разлика од Твитер, каде Папата објавува на 8 различни јазици, на Инстаграм постои само еден официјален профил, а објавите се пропратени со преводи на повеќе јазици.

Пријателите на профилот @franciscus можат секојдневно да го следат Папата, благодарејќи на фотографиите од главните настани, кои ги прави  фотограф од ватиканскиот дневник Осерваторе Романо. Меѓу најпопуларните фотографии се како Папата моли Бројаница или држи за рака едно дете за време на Генералната аудиенција.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.