2016-08-09 12:00:00

Папата лично ќе ја предводи канонизацијата на Мајка Тереза


Ватикан се подготвува за најважната канонизација во оваа година: на 4 септември лично папата Фрањо ќе ја предводи канонизацијара на Мајка Тереза за светица, објавено е од Ватикан на 5 август 2016 година. Канонизацијата на светицата која важи за слика на љубов кон ближниот – покрај во недела завршениот Светски ден на млади – се смета за најголем настан за целата Црква во Светата година на Милосрдието.

Папата Фрањо ја запознал лично Мајка Тереза во 1994 година за време на една Епископска синода во Ватикан. Тогаш таа седела директно зад сегашниот Папа. Тој се восхитувал на нејзината сила и одлучност да се јави за збор. „Таа не се срамуваше пред толку епископи да земе збор. Мајка Тереза беше жена која секогаш го кажуваше, тоа што сакаше да го каже“ – изјавил тогаш Исусовецот Бергољо.

Мајка Терезе е родена во Скопје и стана позната по нејзиното служење на најсиромашните во Калкута. Премина во вечноста на 5 септември 1997 година на 87 годишна возраст. Процесот за прогласување на блажена и света започна две години покасно. Само шест години по нејзината смрт, на 19 октомври 2013 година папата Иван Павле II. ја прогласи за блажена.

Скопјанката Мајка Тереза, со граѓанско име Гонџа Бојаџиу, која е родена во Скопје 1910 година, добива повик да стане мисионерка. Со 18 години пристапува во монашката заедница на Сестрите од Лорето, кои ја пратија како учителка во Калкута. Во 1948 година ја напушта монашката заедница и облечена во сари се населува во најсиромашниот дел од Калкута, за да живее заедно со сиромашните.

Веќе во 1950 година ја основа монашката заедница „Мисонерки на Љубовта“, кои се грижат за деца од улица, бездомници, сиромашни и болни, за најсиромашните меѓу сиромашните.

Минатиот септември Конгрегацијата за прогласување на светци ја потврди медицинската документација дека оздравувањето на еден Бразилец од малигнен тумор во 2008 година се случило на медицински необјаснив начин. Теолошката комисија го оцени оздравувањето на тогаш 35 годишниот Бразилец како чудо, кое се случило преку застапништвото на Мајка Тереза.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.