2016-08-04 11:24:00

Папата: Порака до аргентинските епископи


Светилиштето на свети Каетан заштитникот на „Лебот и работата“ во Аргентина се наоѓа во населбата Линиерс во Буенос Аирес. Секоја година на 7 август на литургискиот спомен на светецот илјадници верници одат на ходочастие во светилиштето за да го чествуваат свети Каетан.

Како надбискуп на Буенос Аирес сегашниот папа Фрањо секоја година во 11.00 часот ја служеше светата Литургија, а по светата Литургија одеше во пресрет на верниците и ги поздравуваше. Папата по тој повод упати порака до претседателот на Аргентинската епископска конференција надбискупот Хозе Марија Аранцедо.

Драги брате, за неколку дена се слави празникот на свети Каетан. Преку тебе сакам да ги поздравам и да ги благословам бројните мажи и жени кои во црквите во Аргентина посветени на свети Каетан ќе бараат леб и работа или ќе му се заблагодарат за сè што имаат.

Со возбуда се сеќавам на 7 август во Буенос Аирес, на светата Литургија во Линиерс како и на излегувањето во пресрет на редиците народ сѐ до фудбалското игралиште Велеза. Поздравувајќи ги, слушајќи и следејќи ја верата на едноставниот народ... а често пред вознемиреностите на мажите и жените кои сакаат и бараат работа, а не ја наоѓаат, можев единствено да го понудам стисокот на раката, потчукнувајќи ги по рамо, гледајќи ги во очите полни со болни солзи и со нив плачејќи. Да плечејќи, затоа што е тешко сопствениот живот да се споредува со татко на семејство кој сака да работи, а нема можност – пишува Светиот Отец.

Од свети Каетан бараме леб и работа. Леб е полесно да се добие затоа што секогаш се наоѓа некој добар човек или институција за да дадат, барем во Аргентина каде што нашиот народ е многу солидарен. Има места во светот каде што ја нема ниту таа можност. Но, работа е многу тешко да се најде затоа што живееме во време со многу висока стапка на невработеност. Лебот ќе реши еден дел од проблемот до некаде затоа што тој леб не е оној кој се заработува со пари. Единствено да се има леб за јадење, а другото да се донесува дома како плод од работата. А тоа дава достоинство – рече Папата.

Кога бараме работа, бараме за да можеме да почувствуваме достоинство; а на оваа славење да го молиме свети Каетан да ни даде работа; за да можеме дома да донесуваме леб. Работата со домот и земјата е во основните човекови права; а кога бараме работа за да носиме дома леб бараме достоинство – рече Светиот Отец.

Мудроста на нашиот народ користи еден начин за да го опише оној кој би можел да работи, а не работи: „Тој живее на туѓ грб.“ Нашиот народ ги презираат оние кои живеат на туѓ грб затоа што во нив гледа извесен недостаток на достоинство. Драги Аранцедо на овој празник на свети Каетан сите ние ги следиме своите браќа кои бараат леб и работа. Да го правиме тоа со љубов, близина и молитва, а да молиме и за себе милост: да не ни недостасува работа, оној кој Господ ни го испраќа и кој ни дава достоинство. Те молам не заборавајте да се молете за мене. Исус нека те благослови, а Света Дева Марија да те чува. Братски поздрав. Фрањо – завршува Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.