2016-07-30 17:30:00

Папата исповеда 8 млади: Никогаш да не се оддалечиме од Исус


Четвртиот ден од Апостолската посета на Полска папата Фрањо го започна во светилиштето на Божјото милосрдие во Краков. Минувајќи низ Светата врата Светиот Отец се задржа во молитва во капелата на света Фаустина Ковалска, а потоа исповеда 8 млади и ги поздрави присутните.

„Господ денес сака уште подлабоко да го почувствуваме неговото големо милосрдие“. „Никогаш да не се оддалечиме од Исус! И ако мислиме дека сме лоши поради своите гревови и недостатоци... Тој такви нѐ сака, за да се рашири неговото милосрдие. Да го искористиме овој ден за да го добиеме Исусовото милосрдие“ – истакна Папата.

Светиот Отец исто така го посети и светилиштето Иван Павле II, кое се наоѓа во близина, поврзувајќи се така со света Фаустина Ковалска, која прими пораки за Божјото милосрдие и со светиот папа Војтила, кој ја проовираше таа порака.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.