2016-07-28 10:31:00

Папата: Светот е во војна за моќ, а не војна на религии


Зборувајќи за неодамнешниот терористички напад во Франција во кој е убиен свештеник за време на светата Литургија, папата Фрањо во текот на летот кон Краков рече дека светот е во војна, но нагласи дека не се работи за „војна на религиите“ туку војна „за моќ“.

„Би сакал да разјаснам една работа“ – рече Светиот Отец на новинарите за време на летот кон Полска. „Кога зборувам за „војна“ зборувам за војна сериозно, не за „војна на религиите“, не!“ Се работи за војна на „инетереси, пари, природни ресурси и доминација над народите.“ Според Папата „сите религии сакаат мир. Војна сакаат други.“

Светиот Отец напомена дека во последно време често се повторува зборот „несигурност“, но истакна дека вистинскиот збор е „војна.“ Повторно нагласи дека светот се наоѓа во трета светска војна во делови. Таа не е многу структурирана, но е организирана, тоа е војна.“ Отец Жак Хамел светиот свештеник е убиен во моментот кога молел за мир, тој е жртва на таа војна. Меѓутоа „колку христијани, колку невини, колку деца“ кои исто така се жртви. „Тоа е војна. Да не се плашиме да ја кажеме вистината дека светот е во војна затоа што го загуби мирот“ – рече папата Фарњо.

Зборувајќи пак за Светскиот ден на млади на кој се упати истакна дека младите секогаш порачуваат дека постои надеж. „Да веруваме дека младите можат да ни кажат нешто што во ова време би ни дало малку повеќе надеж“ – рече папата Фрањо. Исто така рече дека е благодарен за сочувството кое преку телефон му го изразил францускиот претседател Оланд, напоменувајќи дека со него разговарал „како со брат.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.