2016-07-19 17:23:00

Папата со порака до младите кои учествуваат на „Заедно 2016“


Светиот Отец испрати видео порака до младите кои учествуваат на собирот „Заедно 2016“ кој се одржува во Вашингтон, во САД. Иницијативата од екуменски карактер е во организација на молитвеното и евангелизациско движење „Пулс“ формирано Ник Хал.

„Драги млади знам дека во вашето срце постои нешто што ве „боцка“ и ве прави немирни затоа што млад човек кој не е немирен е стар“ – рече папата Фрањо во својата видео порака на шпански јазик. „Но, што е причината за таквиот немир?“ – се прашува Папата обраќајќи се така до секој млад човек.

Повикот за учествување на средбата во Вашингтон“ е за да сретнете една Личност која на таков немир може да одговори.“ „И биди уверен, ти ветувам: нема да се разочараш – додаде Папата – Бог никого не разочарува.“ Светиот Отец истакнува: „Исус те чека и Тој во твоето срце го посеал семето на немирот.“ „Охрабри се“ Немаш што да загубиш. Обиди се! И потоа раскажи ми...“ – заврши на крајот од својата видео порака папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.