2016-06-23 11:35:00

Светскиот ден за бегалци 2017 посветен на малолетниците


„Малолетни мигранти, ранлици и без глас“ е темата која папата Фрањо ја избра за следниот меѓународен ден на мигранти и патници, кој ќе се одбележи на 15 јануари 2017 година.

Со оваа тема Папата сака да сврти внимание на децата, кои доаѓајќи сами во земјите на прифаќање, не се во состојба да се слушне нивниот глас и така стануваат жртви на тешко прекршување на човечките права – се истакнува во соопштението на Папскиот совет за душогрижништво на мигранти и патници.

Потребно е да се гарантира во секоја земја доселениците и нивните семејства да ги уживаат потполни нивините права. Она што најмногу зарижува е ситуацијата со малолетниците. Децата и жените се најчувстивтелни категории во таа голема појава, а токму малолетниците се најслаби и често невидливи, бидејќи немаат докумнети или се без никаква придружба – стои во соопштението на Папскиот совет за душогрижништво на мигранти и патници

РВ/к.мк                                                                                            








All the contents on this site are copyrighted ©.