2016-06-23 12:05:00

На 16 октомври канонизација на пет блаженици


Во недела на 16 октомври оваа година ќе бидат канонизирани петмина блаженици за кои на 20 јуни 2016 година во Апостолската палата во Ватикан е одржан јавен редовен конзисториум со кој претседавеше папата Фрањо.

За светци ќе бидат прогласени Соломон Леклерк маченик од заедницата на Браќата на христијанските училишта, Мануел Гонзалез Гарсија епископ од Паленција, основач на Евхаристиската обновителска унија и Дружбата на Евхаристиските мисионерки од Назарет, потоа свештениците Лодовико Павони основач на Дружбата Синови на Марија Безгрешна и Алфонсо Марија Фуско основач на Дружбата на сестрите на свети Иван Крстител и монахињата Елисавета од Пресветото Тројство од редот на босоногите кармелиќанки.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.