2016-05-21 12:00:00

Апел на патријархот Сако за запирање на насилствата


Калдејскиот патријарх, Луис Рафаел Сако, го осуди остро насилството, кое стана „нешто вообичаено за Ирак“.

Според духовниот водач на Црквата во Ирак, целта на овие насилства се уништување на „културниот мозаик во земјата и идејата за заеднички живот“. Оттука и неговиот повик до владата, политичарите и сите луѓе со добра волја да работат за „безбедноста и животот на невините граѓани“. Покрај тоа, тој инсистира на итни реформи за развојот на земјата, во момент на длабока политичка, економска и институционална криза.

Во документот потпишан од Калдејскиот патријарх се упатува и апел до „муслиманските верски лидери и христијанскиот клер“ да ги здружат силите за промовирањето на „културата на толеранцијата, љубовта и мирот“ против секоја „злоупотреба на верата“. „Оваа соработка ќе успее да го отфрли со сила бранот на фундаментализмот и секташтвото, така како што се и случи со другите кризи во минатото“, завршува патријархот.

Апелот на патријархот Сако е упатен во момент на длабока криза во Ирак, обележан со внатрешни поделби и неспособноста да се формира нова влада, што ќе се соочи со предизвиците.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.