2016-05-18 10:52:00

Папата до италијанските епископи: Свештеникот не е бирократ


Свештеникот не е „бирократ“, тој е во „близина на секој човек“ – рече папата Фрањо по повод отворањето на 69. Генерално заседание на Италијанската епископска конференција. Работата ќе трае до четврток, а се одржуваат во ватиканската синодска сала на тема „обнова на клерот.“

Свештеникот нема амбиција за кариера и моќ

Папата ја искористи сликата на Мојсеј пред огнената грмушка за своето размислување за ликот на свештеникот. Неговата тајна е – рече Папата – токму во грмушката, која гори која неговиот живот го обележува со пламен, сообразувајќи се на Исус. Не обидувајќи се да даде систематско размислување за свештенството, туку поаѓајќи од конкретното искуство, Папата рече дека е потребно да се постават три прашања во врска со ликот на свештеникот: Што дава вкус на животот? За кого или за што е неговото служење? Која е крајната цел на неговото себедарување?

Како Мојсеј свештеникот се приближува до пламенот и дозволува тој да ги запали неговите амбиции за кариера и моќ. Исто така дава да изгори искушението за да се сфаќа како „светец“ кој се надева во верската „блискост“ кое во тоа има многу малку со духовноста – рече Папата. Свештеникот е бос на земјата, која ја држи светот: не го соблазнуваат ранливоста на човечките души, свесен дека и тој е „донесен излечен“; далеку е од ригористичкото студенило ,како и од површноста на оние кои покажуваат ефтина попустливост.

Свештеникот има еноставен и достапен живот

Прифаќајќи дека не располага сам со себе, свештеникот нема агенда која треба да ја брани, туку секое утро на Господ му го предава своето време за да им излезе во пресрет на луѓето. Свештеникот – рече – не е бирократ или анонимен функционер во некоја институција; не го води критериумот на ефикасност.

Свештеникот „оди со срцето и со чекорот на сиромашниот“, збогатен со нивното присуство. Тој не копнее за чесни титули, не бара ништо што оди над реалните потреби. Не ги врзува на себе луѓето кои му се доверени. Таквиот едноставен и достапен начин на живот го прави свештеникот веродостоен и го приближува до понизните – рече папата Фрањо додавајќи: Свешетникот треба да биде „човек на мирот“ и средство на „Божјата нежност.“ Заради пријателството со Исус верува „дека она што е невозможно за човекот, не е невозможно за Бог.“

Свештеникот структурно е мисионер

За свештеникот е од основна важност да се чувствува учесник во „конкретната заедница“ на чиј пат тој учествува. Во тој контекст ги наведе зборовите на покојниот бразилски епископ Хелдер Камара: „Кога твојот брод ќе почне да пушта корени во неподвижното пристаниште, отплови во морето.“

„Отплови! И не пред сè затоа што имаш мисија за да ја вршиш, туку затоа што структурно си мисионер: во средбата со Исус си ја искусил полнината на животот и затоа сакаш со целото битие и другите да го препознаат и да можат да го негуваат неговото пријателство, да се хранат со неговите зборови и да го слават во заедницата“ – рече Светиот Отец.

Свештеникот се дарува сѐ до крај

Пастирот ја утврдува „едноставната вера на Божјиот свет народ“ – продолжи, а „тоа припаѓање е сол за свештеничкиот живот.“ Заедништвото така станува негова специфична ознака, а ја живее со лаици и во односи кои знаат да го вреднуваат секое учество. Тоа ослободува од „свештеничка завист“ и дава предност на заедништвото кое е „едно од имињата на милосрдието.“ Свештениците од различни возрасти и чувствителност кога одат заедно имаат „мирис на пророштво кое фасцинира“ – рече Папата.

При тоа истакна дека е тажно да се гледаат оние кои „калкулираат“ и „ништо не ризикуваат“. Меѓутоа нашиот свештеник – рече Светиот Отец – „со своите ограничености се дарува сѐ до крај“, во кокретните услови во кои се наоѓа. Свештеникот е „човек на Воскресението“ со поглед упатен во Царството Божјо. Тој му припаѓа на Господ, Црквата и Царството небесно: тие се неговите составни фактори – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.