2016-05-16 10:23:00

Папата ја прими Македонската делегација


Папата Фрањо на 16 мај 2016 година ја прими државната делегација на Република Македонија, во рамките на одбележувањето на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“. Делегацијата од Католичката црква во Македонија е претставувана од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во придружба на о. Илија Стојанов. Државната делегација е предводена од претседателот на Собранието Вељаноски, кој по аудиенцијата кај папата Фрањо оствари средба со монсињор Пиетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Во склоп на делегацијата се и претставници на МПЦ –ОА, на чело со архиепископот г.г. Стефан.

По заложбите на кардинал Сантос Абрил и Кастељо, поранешен нунциј во Република Македонија и сегашен архипрезвитер на базиликата Света Марија Велика е поставена Спомен-плочата на благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, која оваа година ќе биде благословена.

Поради обврски на папата Фрањо оваа години аудеинцијата се одржува на 16 мај.

Секоја година од 1960 година па наваму, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ македонската делегација ја примa Папата, а потоа делегацијата се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата „Свети Климент“ во Рим.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.