2016-05-04 10:15:00

Архиепископот Цирил Васиљ во Радово


На првиот ден Велигден во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово се служеше Архиерејска света Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високо Преосвештенство д-р Цирил Васиљ, секретар на Конгрегацијата за Источни Цркви во Рим, заедно со домашниот епископ Н.В.П. д-р Киро Стојанов.

Заедно со архиепископот Цирил, во кратка посета на Македонија е и подсекретарот на истата Конгрегација проф. д-р Лоренцо Лорусо.

На светата Литургија своја проповед за важноста и големината на Велигден искажа владиката Киро.

Поздравите во свое име и од Апостолскиот престол архиепископот Цирил ги пренесе на крајот на Литуријата која тој ја предводеше на македонски јазик.

Гостите ги поздрави домашниот парох д-р Зоран И. Стојанов, кој ја истакна посебноста на денешната Велигденска Литугија: „Денес е јубилејот 15 години Апостолски егзархат во Македонија (01 мај 2001) и 17-та годишнина од епископската хиротонија на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија (01 мај 1999), голем ден за оваа парохија каде тој претходно беше парох и за Црквата во Македонија, кога по пауза од 104 години еден Македонец беше вброен во Апостолските наследници...“

к.мк/з.и.с








All the contents on this site are copyrighted ©.