Во знак на гостопримството кон бегалците, папата Фрањо на враќање за Рим ќе го придружуваат три бегалски семејства од Сирија, вкупно 12 лица, од кои 6 се малолетни. Станува збор за луѓе кои дошле во бегалскиот камп во Лезбос пред договорот меѓу Европската унија и Турција". Ова го изјави ватиканскиот портпарол, отец Федерико Ломбарди, непосредно пред полетувањето на Папата за Рим.
„Иницијативата на Папата се реализира благодарение на преговорите на ватиканскиот државен секретаријат со грчките и италијанските надлежни органи. Сите членови на трите семејства се муслимани. Две од семејствата се од Дамаск, а третото е од Деир Адзор, зона окупирана од Исламска држава. Нивните куќи биле уништени при бомбардирањето. Засолништето и издршката на трите семејства ќе бидат покриени од Ватикан. На почетокот нивното сместување ќе биде обезбедено од страна на Заедницата на "Свети Егидиј", прецизира отец Ломбарди.
РВ/к.мк
All the contents on this site are copyrighted ©. |