Во понеделник 11 април во Ватикан Кардиналскиот совет за реформа на Куријата го започнаа новото советување. Средбата ќе трае до среда 13 април, а присуството на Папата е предивдено да биде на првите два дена. Задача на Кардиналскиот совет е да изработи предлози за реформи во Римската курија.
На последната седница на почетокот од месец февруари се разговараше за прашања поврзани со Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни, Државниот секретаријат, како и за синодалноста на Црквата.
На крајот од тридневното советување ќе биде објавено соопштение за текот на 14 седница на Кардиналскиот совет.
РВ/го*ко
All the contents on this site are copyrighted ©. |