2016-04-11 15:35:00

Папата ќе ги посети Ерменија, Грузија и Азербејџан


Папата Фрањо во наредните месеци ќе се упати на две апостолски посети во регионот на Кавказ: од 24-25 јуни ќе ја посети Ерменија и од 30 септември до 2 октомври Грузија и Азербејџан. Ова го осоопшти на новинарите ватиканскиот гласноговорник отец Федрико Ломбарди.

Посетата на Ерменија ќе се оствати по покана на патријархот на цела Ерменија Католикос Карекин II, граќанските власти и месната Католичка црква. На истиот начини посетата на Папата на Грузија и Азербејџан ќе се оставри по покана на Неговата Светост и блаженство Илија II Католикос и патријархот на Грузија и граѓанските и религиозните власти.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.