2016-04-08 16:02:00

Папата молеше за девојчето кое го губи видот


Родителите на малата Лизи Маерс составиле листа на работи кои девојчето треба да ги види пред да го загуби видот. Една од тие точки на листата е „да го види Папата“,е исполнета на 6 април за време на Генералната аудиенција во среда.

На девојчето Лизи Маерс неодамна и беше дијагностициран ушеров синдром заради што ова петгодишно девојче наскоро ќе го загуби видот и слухот. Иако Лизи не е запозната со својата болест нејзините родители составиле листа на работи кои треба да ги види пред да ослепи. На таа листа се наоѓа и папата Фрањо кој ја исполнил желбата на родителите на Лизи, одвојувајќи неколку минути на крајот од Генералната аудиенција на 6 април на плоштадот Свети Петар.

По обраќањето на поклониците Светиот Отец и пријде на малата Лизи и размени неколку зборови потоа ја благослови. Пред да си замине исто така ги положи рацете на нејзините очи веројатно како знак на кратка молитва.

Мајката на оваа петгодишно девојче Кристине Маерс подоцна изјавила дека Лизи била обземена со „стравопочит“. „Имаше широко отворени очи и тоа за неа беше посебно силен момент“, додала.

Милосрдниот Папа со ова повторно покажа дека сака да биде близок до секој човек посебно со оние на маргините и оние во потреба.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.