2016-04-05 15:17:00

Папата: Христијанинот треба да биде човек од „да“


Да се запрашаме дали сме луѓе од „да“ или го свртуваме погледот за да не одговориме – е една од мислите на Папата на светата Литургија на 4 април во капелата на домот Света Марта.

Да се запрашаме дали сме луѓе од „да“ или го свртуваме погледот за да не одговориме – е една од мислите на Папата на светата Литургија на 4 април во капелата на домот Света Марта, прва по паузата за Велигден. Појдувајќи од денешниот празник Благовест истакна дека токму во навестувањето на Блажената Девица се наоѓа „Марииното да“ која ја отвора вратата за Исусовото “да“.

Ланец на изречени „да“

Авраам бил послушен на Господ одговорил со „да“ на неговиот повик и тргнал од својата земја не знаејќи каде оди. Папата Фрањо во проповедта се фокусираше на „ланецот“ изречени „да“ кои започнуваат токму со Авраам. Потсети на многумина, кои иако стари, се согласиле со надеж во Господ. Го спомна пророкот Исаија кој за себе кажал дека е со „нечисти усни“. Но Господ го прочистува и Исаија вели „да!“ Истото важи и за Јеремија кој се сметал за неспособен да зборува, но потоа се согласува на Божјиот план.

Евангелието денес ни го преставува завршетокот на тој ланец на изречени „да“, но и почетокот на едно друго „да“: онаа на Марија благодарение на него Бог станува еден од нас. Марииното „да“ ја отвора вратата за Исусовото „да“: „Еве доаѓам да ја вршам волјата твоја.“ Тоа „да“ го следи Исуса низ целиот негов живот сѐ до крстот – рече папата Фрањо.

Се задржа на Исусовото „да“ во Гетсеманската градина каде што го молеше Отецот да ја отргне од него чашата, но додаде: „нека биде војата твоја“. Во Исус Христос се наоѓа Божјото „да“ – рече Папата, поттикнувајќи на благодарност кон Господ што нè поучи на тој пат. Во тој контекст спомна и неколку присутни свештеници кои славеа 50 годишнина од ракополагањето.

Во Марииното „да“ е и „да“ на целата историја на спасението

Сите ние секој ден треба да кажеме „да“ или „не“ да размислуваме дали секогаш говориме „да“ или често се сокриваме со наведната глава како Адам и Ева... не за да не кажеме „не“ туку малку да се преправаме дека не разбираме што бара Бог. Денес е празникот на одговорот „да.“ Во Марииното „да“ е и „да“ на целата историја на спасение, а во неа започнува и последното „да“ на Исус, Бог и човекот – рече Светиот Отец.

Во тоа – додаде – Бог го обновува создаденото како што на почетокот со едно „да“ се создал светот и човекот. Тоа е Божјото „да“ кое нè посветува, кое нè поттикнува да одиме напред со Исус Христос. Денес е ден за заблагодарување на Господ, но и можност да се запрашаме: „Дали јас сум човек од „да“ или „не“ или пак помалку ја свртувам главата за да не одговорам?“ Нека Господ ни даде милости да појдеме по патот на луѓето кои знаеле да кажат „да“ – посака Папата.

На крајот на проповедта сестрите на свети Винко Павлески кои служат во домот Света Марта ги обновија своите завети. Тоа го прават секоја година – рече папата Фрањо – затоа што свети Винко бил паметен и знаел дека посланието кое им го доверил е многу тешко и заради тоа сакал секоја година да ги обновуваат заветите.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.