2016-04-02 20:00:00

Папата на бдението: Вера која не е милосрдна е идеологија


Вера која не може да се стави во Господовите рани не е вера! Вера која не може да биде милосрдна како што се Господовите рани знак на милосрдието, не е вера, туку идеја, идеологија – рече папа Фрањо на ноќното бдение на 02 април на плоштадот Свети Петар, во очи на Неделата на Божјото милосрдие.

Божјото милосрдие постојано се зголемува и Бог никогаш не се изморува искажувајќи ни милосрдие – рече Папата, истакнувајќи: Секогаш се восхитуваме кога го гледаме Бог кој ни доаѓа во пресрет со својата љубов. Божјото име е милосрдие, кое е големо и бесконечно како неговата природа. Според Светиот Отец, милосрдието е пред сé „Божја близина на својот народ“, што се воочува во помошта и заштитата. Тоа е родителска близина, како татко и мајка.

Колку нежност содржи и колку љубов изразува – рече Папата. Нежност: збор кој речиси е заборавен, а кој на денешниот свет – на сите нас – ни е потребен. Бог се смилуваше на човечката слабост затоа што во силата на своето милосрдие стана еден од нас. Во Исус можеме да го допреме милосрдието на Отецот, а истовремено сме поттикнати сами да станеме средства на милосрдието – објасни Светиот Отец.

Лесно може да се зборува за милосрдието, меѓутоа најпотребно е да станеме конкретни сведоци. А тој пат трае цел живот и не треба на него да застанеме. Исус ни кажа дека треба да бидеме „милосрдни како Отецот“ – потсети папа Фрањо.

Близината и нежноста се лице на Божјето милосрдие, но тие се и сочуство и делење, утеха и опростување. Милосрдието не може да се сокрие и задржи само за себе; што повеќе се прима, толку повеќе треба да се пружи. Милосрдието го поттикнува срцето на љубов, да го препознае „лицето на Исус Христос зад секој оној које е оддалечен, слаб, осамен, збунет и маргинализиран“.

Милосрдието не мирува, туку оди да ја бара изгубената овца, а кога ќе ја најде, чуствува зависност од радост. Меѓутоа, колку е жалосно кога слушаме дека луѓето се исфрлаат надвор и се пуштаат да спијат на улица. Дали тоа е од Исус? – праша Папата.

Нашата вера е овоплотена во Бог кој стана тело, кој беше распнат за нас! Ако сериозно сакаме да веруваме, треба да се приближиме и да ги допреме овие рани, да ги помилуваме и да ја наведнеме главата и да дозволиме другите да ги помилуваат нашите рани – рече папа Фрањо.

Проповедта ја заврши со идејата која произлегла од средбата со една каритативна група: во секоја бискупија да заживее едно дело на милосрдие. „Колку би било убаво кога како спомен – така да кажаме – спомен од оваа Година на милосрдие, во секоја бискупија би било едно структурно дело на милосрдие: болница , дом за стари лица, за напуштени деца, училишта таму каде што ги нема, дом за лечење од зависности... Би било убаво секоја бискупија да размисли: што може да остави како жив спомен, како живо дело на милосрдието, како рана на живиот Исус за оваа Година на милосрдие?“

РВ/к.мк/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.