2016-04-01 09:52:00

Синодалниот документ Amoris laetitia ќе се објави на 8 април


На 8 април во 11.30 часот во аулата „Иван Павле II" во зградата на ватиканскиот прес-центар ќе биде претставен постсинодалниот апостолски поттик на папата Фрањо Amoris laetitia (Радоста на љубовта), за љубовта во семејството.

На презентацијата ќе зборува кардинал Лоренцо Балдисери, генерален-секретар на Епископата синода, кардинал Кристоф Шонборн, архиепископ на Виена, сопружниците Франческо Мијано, професор по морална филозофија на римскиот универзитет „Тор Вергата" и Џузепина Де Симоне ин Мијано, професор по филозофија на Богословскиот факултет на Јужна Италија во Неапол.

Апостолското писмо го завршува патот на Синодата за семејството - прва свикана од папата Фрањо - која се одржа во две фази: вонредната Епископска синода во октомври 2014 и редовна Епископска синода во октомври 2015 година

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.