2016-03-23 11:45:00

Кардинал Паролин ја посети Бугарија


Кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, од 19-22 март 2016 година престојуваше во Бугарија. Во Софија ја предводеше Литургија во катедралата „Успениена Пресвета Богородица“ каде ја освети реновираната катедрала на Апостолскиот егзархат во Бугарија.

Кардинал Паролин се сретна и со патријархот на Бугарската православна црква Неофит, претседателот на државата, премиерот, како и со големиот муфтија во Бугарија.

Посетата на кардиналот заврши со прием по повод третата година од изборот на папата Фрањо за Петров наследник и 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Светиот Престол и Бугарија.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.