Ако сакаме да ја запознаеме „историјата на љубовта“ која Бог ја има кон нас, тогаш треба да погледнеме во Распетието, крстот на Бог Кој се „лиши од божественоста“ и „се извалка со гревот“ за да ги спаси луѓето – рече Папата во проповедта на Литургијата на 15 март во капелата на домот Света Марта.
Историјата на спасението која ја проповеда Библијата спомнува и едно животно кое во Книгата Битие се спомнува на прво место, а во Откровението на последно, а тоа е змијата. Тоа животно во Светото Писмо е симбол на проклетство, а на таинствен начин и на откупување – рече Папата.
Таинството на змијата
Објаснувајќи го тоа таинство, Папата се осврна на првото читање од Книгата Броеви и на делот од Евангелието по Иван. Во првото читање се зборува за изралескиот народ кој уморен од лутање по пустината и гладен го проколнува Бог и Мојсеј. Змиите во читањето се двапати протагонисти. Од небото се испратени против неверниот народ сеат страв и смрт сè додека народот не го замолил Мојсеј да побара простување. Тогаш тој посебен влекач втор пат стапува на сцена:
Бог му вели на Мојсеј: Направи бакарна змија и закачи ја на знамето. Кој ќе биде каснат ќе остане во живот ако ја погледне. Ова е таинството: Бог не ги брише змиите ги остава во живот. Но, ако некоја касне човек ќе оздрави човекот ако погледне во бакарната змија подигната на знаме.
Спасението е во вистината
Глаголот „издигнете“ е во центарот на острата расправа помеѓу Исус и фарисеите опишана во Евангелието. Одеднаш Исус вели: Кога ќе го издигнете Синот Човечки тогаш ќе узнаете дека сум Јас. „Јас Сум“ пред сè е Божјото име кое Бог го соопштил на Мојсеј да го објави на Израелците. А потоа следи изразот: ќе го издигнете Синот Човечки...“
Змијата е симбол на гревот кој убива. Но змијата и спасува. Тоа пак е Христовото таинство. Павле зборувајќи за тоа таинство вели дека Исус се лишил од своето божество, се понизи, се уништи за да нè спаси. Уште повеќе: Се направи грев. Користејќи го тој симбол се направи змија. Тоа е пророчката порака на денешните читања. Синот Човечки кој како змијата „станува грев“ издигнат е за да нè спаси – рече Папата.
Божјото уништување
Тоа е историјата на откупувањето, историјата на Божјата љубов. Ако сакаме да ја запознаеме Божјата љубов да го погледнеме Распетието: „човек изобличен“, Бог лишен од божеството“, „извалкан од гревот.“ Уништувајќи се Бог засекогаш го уништува вистинското име на злото кое Откровението го нарекува „стара змија“ – истакна Папата додавајќи:
Гревот е дело на сатаната, а Исус победува „станувајќи грев“ од каде што сите нас нѐ издигнува. Распетието не е украс, не е уметничко дело со бројни скапоцени камења како што може да се види: Распетието е таинство на Божјото уништување од љубов. Создателот тоа не го направил со магично стапче, туку преку трпењето на Синот Човечки, преку трпењето на Исус Христос – заклучи Светиот Отец.
РВ/к.мк
All the contents on this site are copyrighted ©. |