2016-03-10 15:29:00

Исусовата логика е дарувањето


За јасното управување со добрата и за борбата против гладта и расипувањето на храната зборуваше о. Ермес Ронки во шестото размислување на духовните вежби во Великиот пост во кои учествува папата Фрањо заедно со членовите на Римската Курија.

Има многу гладни луѓе, Бог може да им изгледа како еден леб – рече о. Ермес на почетокот на размислувањето. Животот започнува со глад, а да „живееш значи да бидеш гладен“. А ако се загледаш во ширина гледаме масовен глад, „опсада на сиромашните“, милиони испружени раце кои бараат нешто за јадење, не бараат „некоја верска дефиниција“. А како одговара Црквата – праша о. Рончи.

Своите зборови водачот на духовните вежби ги испреплетува со зборовите од Евангелието кое зборува за умножувањето на лебот и рибите. Тој ја анализира сцената: учениците наговараат распуштање на народот за да се насити, Исус пак бара тие да им дадат да јадат; на забелешка на дванаесетмината дека немаат доволно храна, Учителот прашува: Колку леба имате? Провете. Исус е многу практичен, упорно бара проверка – истакна о. Ермес.

И денес се бара проверка од сите ученици и од мене: Колку имаш? Колку пари, колку куќи? Каков живот живееш? Одете видете, проверете! (...) Пет леба и две риби – рече водачот на духовните вежни.

Споделувањето и уможувањето

Вистински сме ако сме јасни. А кога си вистинит тогаш си и слободен – рече о. Ронки. Како Исус „кој никој не го купи и кој никогаш не влегол во палатата на моќник освен како затвореник.“ (...) Напротив Исусовата логика е дарувањето. Во Евангелието глаголот „љуби“ се преведува со глаголот „давај“. Чудото на умножувањето на лебот вели дека Исус не се грижи за количината на лебот, туку сака лебот да се дели – рече о. Ермес, додавајќи:

Според едно тајно божествено правило: кога мојот леб ќе стане наш, тогаш е доволно и малку леб. А напротив гладта започнува кога вознемирено го држам својот леб за себе, кога ситиот запад за себе цврсто го чува својот леб, своите риби, своите добра (...) Можно е да се нахрани целата земја, во изобилство има леб. Не треба да се умножува, туку споделува, почнувајќи од себе. Не треба чудесно умножување, туку победа над себичноста, расипувањето на храната и складирањето – рече водачот на духовни вежби.

Гладните имаат право на мене

„Давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета...“ Во тоа е содржано Исусовото ветување за „чудесната неизмерна економија на дарот и стократното примање, која ја разоткрива секоја пресметка.“ Ова ме теши затоа што покажува дека последната вистина ја следи логиката на дарот, а не логиката на прописите. А последното прашање ќе гласи: дали во животот си давал малку или многу?“ Од тоа зависи животот, а не од добрата – рече о. Ронки додавајќи дека се доволни пет леба за промена на светот.

Чудо се на петте леба и двете риби кои Црквата која се раѓа ги става со доверба во Христовите раце, без пресметки и задржувања за себе, за својата вечера. Тоа е малку, но само тоа имале; малку е но тоа е целата вечера на учениците; тоа е мала капка во морето, но таа капка може да даде смисла и надеж во животот – заврши отец Ронки.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.