2016-03-04 10:28:00

Папата: Отвореното срце може да го прифати Божјото милосрдие


Единствено отвореното срце може да го прифати Божјото милосрдие – истакна Светиот Отец во проповедта на Литургијата во домот Света Марта во четврток 3 март 2016 година. Неверноста може да се победи со исповедување на сопствениот грев, а така започнува патот на преобраќање – додаде Папата.

Ако срцето е тврдо и затворено, не може да влезе Божјото милосрдие.

Папата зборуваше за верноста, размислувајќи за литургиските читања од денот. Коментирајќи го првото читање земено од пророкот Јеремија, рече дека Бог секогаш е верен, не може да се негира самиот себе, а народот не секогаш го слуша Божјиот збор. Пророкот Јеремија наведува сѐ што направи Бог за да го придобие народот, но народот продолжува со својата неверност – истакна Светиот Отец продолжувајќи:

Оваа неверност на народот е и наша неверност, бидејќи го стврднува, затвора срцето. Не дозовлоува да се слуша гласот на Бог, кој како грижлив татко, секогаш нѐ поттикнува да се отвориме за неговото милосрдие и љубов. Во псалмот молевме: Ако денес го слушнете неговиот глас, не бидете со тврди срца! Бог секогаш така ни зборува, како нежен татко, секогаш вели: „Со сето срце вратете со кај мене, бидејќи сум милосрден и милостив. Но ако срцето е тврдо, тогаш тоа не сфаќа. Божјото милосрдие може да го сфати оној кој има отворено срце за да влезе Божјото милосрдие – објасни Светиот Отец.

Во Евангелието според Лука ја гледаме истата слика, како Исус е нападнат од книжниците, „закониците кои ја познавале теологијата, но биле многу затворени“. Напротив народот се восхитува, му верува на Исус. Имал отворено срце, несовршено, грешно, но отворено – рече Папата.

Да се бара простување, да не се осудуваат другите

Тие теолози имале „затворено однесување!“ Секогаш барале објаснување за несфаќањето на Исусовата порака“, од него барале знак од небото. Секогаш затоврени! Исус мора да го оправда, тоа што го прави - рече папата Фрањо додавајќи:

Тоа е историја на неуспешна верност. Историја на затворени срца, која не дозволува да влезе Божјото милосрдие, која ги заборава зборовите на опростување – Прости ми Боже! – бидејќи не се чувствуваат грешни. Таа историја е долга со векови. Таа неуспешна верност Исус ја толкува многу јасно: Кој не е со мене, против мене е! Јасно! Или си со отворено срце верен на Бог, кој секогаш е верен или си против Него. Кој не е со мене, против мене е - повтори Светиот Отец.

Верноста кон Бог започнува со признавање на сопствената грешност

Дали постои некој среден пат – праша Папата, одговарајќи дека постои, а тоа е признавање на сопствениот грев. Ако се признае сопствениот грев, се отвора срцето, влегува Божјото милосрдие, значи срцето станува верно. Да го молиме Бог да ни даде милост за верност. А првиот чекор на патот до верност е признавање на сопствените гревови. Да молиме за милост за да не стане тврдо нашето срце, да биде отворено за Божјото милосрдие, да молиме за милост и за верност. А кога ќе почувствуваме дека сме верни, да молиме за опростување – потикна Светиот Отец.

РВ/к.мк//го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.