2016-03-02 10:03:00

Папата упати апел за бегалците


По молитвата Ангел Господов во недела 28 феруари 2016 година Светиот Отец потсети на драматичната состојба на бегалците погодени од војната и нехуманата ситуација.

Светиот Отец ја истакна Грција и другите земји кои на првата линија за прифаќање и на кои великодушно им пружат помош. Во тој контекст потребна е соработка со сите земји. Заедничкиот одговор може да биде ефикасен и рамномерно да се распореди товарот меѓу земјите – рече Папата. Веста за прекин на огнот во Сирија го прими со надеж и сите ги повика на молитва за да пристигне хуманитарната помош до оние во потреба и да се отвори патот за дијалог и мир. На крајот изрази близина со населението на Фиџи кое е погодено од уништувачкиот циклон.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.