2016-02-23 12:41:00

Крштение на петтото дете во семејството Стојанови


На 21 февруари 2016 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во парохиската црква „Свети пророк Илија“ го крсти Ѓорги, петтото дете на семејството Кирчо и Олгица Стојанови од Радово. Истакнувајќи ја важноста за отвореноста кон животот, епископот Стојанов го охрабри ова семејство и посака Божји благослов.

На 13 јануари 2016 години по петти пат се слушна детскиот плач во семејството Кирчо и Олгица Стојанови. Сестрите на малиот Ѓорги: Тања, Гордана, Вероника и Мартина не само што ја истакнуваат нивната радост, туку се и побогати со нивниот брат.

За ова семејство неделната света Литургија, секојдневната молитва и вршењето на Божјата волја се неизоставен дел од нивниот живот.

к.мк/о.Д.Т.








All the contents on this site are copyrighted ©.