2016-02-17 13:06:00

Патријархот Кирил отворен за понатамошни средби со Папата


Рускиот патријарх Кирил изјави: „Бидејќи имаше прва средба, може да има и втора и трета средба“.

Московскиот патријарх Кирил и папата Фрањо, според зборовите на патријархот Кирил на првата историска средба минатиот петок не разговарале за следни средби. Во едно интервју за «Russia Today» во вторник, 16 февруари патријархот изјавил: „Бидејќи имаше прва средба, може да има и втора и трета средба“.

Минатиот петок папата Фрањо и патријархот Кирил се сретнаа во Хавана, Куба. Во заедничката декларација поглаварите ја потврдија заложбата за продлабочување на католичко-православниот дијалог и повикаа за мир во Сирија, Ирак и Украина.

Средбата е прва меѓу поглаварите од Рим и Москва од основањето на Московската патријаршија. Имено Московската патријаршиија е призната од цариградскиот патријарх Јеремија II во 1589 година, а првиот руски патријарх ја зема титулата: „Патријарх на царскиот град Москва, Новиот Рим и цела Русија“. Така што не станува збор за средба на претставници меѓу Католичката црква и Православната црква после скоро 1000 години, бидејќи такви средби имало и претходно, а од посебен историска важност е средбата помеѓу папата Павле VI и вселенскиот патријарх Атенагора I во 1964 година. Средбата меѓу папата Фрањо и патријархот Кирил е историска и важна, бидејќи е прва средба меѓу двајца поглавари на Цркви со најбројни верници.

РВ/к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.