2016-02-12 16:57:00

Папата претседава со Кардиналскиот совет


Папата Фрањо претседава со 13 седница на Кардиналскиот совет, која започна на 8 февруари, а ќе заврши на 9 февруари. Кардиналскиот совет е формиран со цел да му помогне на Папата во управувањето на универзалната Црква и во реформата на Римската Курија.

Претходните средби на Кардиналскиот совет се одржаа во следните термини: 1 - 3 октомври 2013 година, 3 - 5 декември 2013, 17 - 19 февруари 2014 година, 27 - 30 април 2014 година 1 - 4 јули 2014 година; 15 - 17 септември 2014 година; 9 - 11 декември 2014 година; 9 - 11 февруари 2015 година; 13 - 15 март 2015, 8 - 10 јуни 2015 година; 14 - 16 септември 2015; 10 - 12 декември 2015 година.

Оваа година седниците на Кардиналскиот совет се предвидува да се одржат во февруари, април, јуни, септември и декември.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.