2016-02-12 16:45:00

Папата по молитвата Ангел Господов упати апел за Сирија


Светиот Отец по пладневната молитва на 7 февруари повика на молитва за помош на цивилното население во војната во Сирија. Во наговорот пак истакна дека Господ Исус не се оддалечува од грешникот, како што лекарот не се оддалечува од болниот.

Светиот Отец по пладневната молитва на 7 февруари повика на молитва за помош на цивилното население во војната во Сирија. Во наговорот пак истакна дека Господ Исус не се оддалечува од грешникот, како што лекарот не се оддалечува од болниот. По молитвата Ангел Господов потсети на одбележувањето на Денот на живот во Италија, на утрешниот Ден на молитва и размислување против трговијата со луѓе и замоли за молитвена поддршка за претстојната посета на Мексико и средбата со патријархот Кирил.

Исус не се оддалечува од грешникот, како што лекарот не се оддалечува од болниот

Коментирајќи го денешниот евангелски дел за повикот на првите ученици по чудесниот риболов, Папата истакна дека Петар увидува Исус не е само голем учител, туку дека е Господ, израз на Бог. Тоа присуство во Него буди силно чувство за сопствената беда и недостојност. Од човечки аспект Петар мисли дека треба да постои растојание помеѓу грешникот и Светиот. Меѓутоа – рече Папата – токму неговата грешна состојба бара Господ да не се оддалечува од него, исто како што лекарот не може да се оддалечи од болниот.

Светиот Отец рече дека барањето, „риболовот“ на луѓе – не е за да се врши прозелитизам, туку за да се врати полното достоинство и слободата преку простувањето на гревовите – „логиката која го води Исусовото послание и посланието на Црквата“. Тоа е суштината на христијанството: да се шири обновителската и бесплатната љубов Божја со ставот на прифаќање и милосрдието кон сите, за секој да може да се сретне со Божјата нежност и да ја има полнината на животот – објасни папата Фрањо.

Примерот на свети Леополд Мандиќ и свети Пио од Пиетрелчина

Овде на посебен начин мислам на исповедниците – продолжи Светиот Отец. Тие се првите кои треба да го гледат милордието на Отецот, следејќи го Исусовиот пример, како што тоа го правеле двајцата свети фрањевци: отец Леополд и отец Пио. Напомена дека во Светата година на милосрдието сме повикани да ги утешиме грешниците, повотрувајќи ги Исусовите зборови: „Не бој се.“ Поголемо е милосрдието на Отецот од твоите гревови.“

Апел за Сирија

Со жива загриженост ја следам драматичната судбина на цивилното население во тешките конфликти во саканата Сирија, кои присилно напуштаат сè за да побегнат од ужасот на војната. Се надевам дека со великодушна солидарност ќе им се пружи потребната помош за да им се загарантира опстанокот и достоинството, додека меѓународната заедница ја повикувам да не ги штеди напорите вмешаните страни итно да ги доведе до преговарачкиот стол. Само политичко решение на конфликтот може да загарантира помирена и мирна иднина за таа сакана и измачена земја, за која ве повикувам многу да молите – рече Папата.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.