2016-02-12 17:29:00

Папа Фрањо се помоли во базиликата Света Марија Велика


Папа Фрањо на 11 февруари приватно ја посети базиликата Света Марија Велика Марија и како обично се помоли во пресрет на апостолското патување пред иконата Богородица Спасение на римскиот народ.

После тоа, се упати во базиликата Свети Иван Латерански, каде што беше во тек средба на римските свештеници. Во таа прилика Светиот Отец исповеда неколкумина од нив.

Средбата на римското свештенство има покорничко значење за да се искуси милосрдието на Отецот како би можеле да бидеме службеници на милосрдието во доверените заедници – објасни кардинал Агостино Валини, римскиот викар, во пораката која го објаснува настанот на интернет страницата на Викаријатот. Средбата ја предводеше помошниот римски епископ монс. Ангело Де Донатис, инаку задолжен за формација на свештенството.

Како дело на Великиот пост, милостина која се собра меѓу свештениците ќе биде предадена на Епископскиот Каритас. На крајот, кардинал Валини напомена дека Папата на сите римски свештеници им ја подари својата книга - интервју „Божјото име е милосрдие“.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.