2016-02-12 17:15:00

Во Ватикан заврши состанок на Кардиналскиот совет


Тринаесеттиот состанок на Советот на кардиналите со папата Фрањо е одржан на 8 и 9 февруари претпладне, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Кардиналите сослужуваа со Папата на светата Литургија за капуцините во вторник наутро во ватканската базилика.

Првиот дел од состанокот беше посветен на продлабочување на говорот на Светиот Отец по повод 50 годишниот јубилеј од Епископската синода (17 октомври). Тој говор, во кој опширно е образложена темата „синодалност“, потсетувајќи истовремено на „потребата да се продолжи со здрава децентрализација“, што е важна точка за работата при реформата на куријата.

Следуваше завршно читање на предлозите на Советот во врска со две нови дикастерии за кои веќе се зборуваше на претходните средби: Совет за семејство и живот; и Совет за правда, мир и миграција. Предлозите се довршени и предадени на Светиот Отец за да донесе одлука за нив.

Кардинал Пел извести за ситуацијата и имплементацијата на реформите на економски план. Кардиналите го добија документи за т.н. „вадемекум“ кој е подготовен од Римската рота за спроведување на реформи во канонските постапки за валидноста на женидбата.

РВ/к.мк/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.