2016-02-10 19:44:00

Италија: Да за семејството и правата на децата


Скоро два милиони луѓе, според бројот кој го дадоа организаторите, се собраа на римскиот Цирко Масимо, од каде побараа од италијанската влада да отстапи од законот за граѓанските заедници, кој на истополовите парови им овозможува посвојување на деца. На собирот од 30 јануари 2016 наречен Family Day (Ден на семејството) можеше да се виде стотина илјадници деца, баби и дедовци, луѓе од различни вероисповеди и политички партии, пристигнати од цела Италија.

Овде сме и покрај сите потешкотии затоа што нé поттикна нашата одговорност како родители, бидејќи во покрај илјадници секојдневни тешкотии, ние сме први кои гарантираме за правата на децата и нивното воспитување. Родителите не сакаат идеологија за своите деца. И денес имаме обврска да го штитиме семејството и за добро на сите да кажеме „не“ на овој закон, затоа што ако сé е семејство, тогаш ништо не е семејство – рече една од многубројните мајки на собирот.

Мнозинството, пред сé, сака да каже „да“ на семсјтвото и „не“ на законот на кој – изедначувајќи ги истополовите заедници со бракот и по прашањето за посвојување на деца – ризикува тешки општестевни последици за иднината на Италија – тврдат учесниците на „Ден на семејството“. Помеѓу насобраните беа и Масимо Гандолфини, претседател на советот „Да ги заштитиме нашите деца“, Џијан Лука Галети, италијански министер за животна средина и активистката против сурогат – мајчинство и изнајмување на матка, Џенифер Лал.

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.