2016-01-23 17:56:00

Монс. Стојанов му го честиташе јубилејот на кардинал Пуљиќ


Неговото Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апстолски егзарх во Македонија на 19 јануари 2016 година присуствуваше на свечена Миса во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Сараево по повод 25 годишнината од бискупската хиртонија и устоличување за надбискуп митрополит врхобосански на кардинал Винко Пуљиќ. Светата Миса ја предводеше кардиналот Пуљиќ во заедништво со апостолскиот нунциј во Босна и Херцеговина монс. Луиџи Пецути, кардинал Јосип Божаниќ, како и голем број бискупи и свештеници, роднини и пријатели на кардиналот.

Бискупот Стојанов честитајќи му го јубилејот на кардинал Пуљиќ ги пренесе поздравите и молитвите на верниците од Македонија.

Во пригодната проповед кардинал Божаниќ истакна дека ова славење и честитките на присутните надбискупи и бискупи, провинцијали и провинцијалки, свештеници, монаси и монахињи, богослови и семинаристи, монашки кандидати и верници, кои како што истакна со кардиналот Пуљиќ, „Господ ги поврза преку средби, молитви, пријателство и повик“, опфаќајки ги сите луѓе до кои допираше Божјата присутност преку неговите, молитви, погледи, чекори, чувствата и по неговата човечност.

По светата Миса заедништвото продолжи во Свештеничкиот дом на Врхобосанската надбискупија.

На 6 јануари 1991 година во Рим кардинал Винко Пуљиќ е хиротонисан за надбискуп врхобосански, а неговото устоличување беше на 19 јануари 1991 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Сараево.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.