2015-12-18 15:28:00

Папата: Сите сме на патот кон Господ


Убаво е да се сретнеме со вас кога се приближува Божиќ за да размениме честитки. Добредојдовте, а преку вас сакам на сите млади членови на Католичката акција да им упатам поздрав и честитки за Божиќ и Нова година – истакна Светиот Отец во говорот до младите од Католичката акција со кои сретна на 17 декември во Ватикан.

Убаво е да се сретнеме со вас кога се приближува Божиќ за да размениме честитки. Добредојдовте, а преку вас сакам на сите млади членови на Католичката акција да им упатам поздрав и честитки за Божиќ и Нова година – истакна Светиот Отец во говорот до младите од Католичката акција со кои сретна на 17 декември во Ватикан. Младите на Папата му го честитаа 79 роденден.

Многу деца и млади благодарение на вашето здружение можат одблиску да го запознаат Исус во семејството, училиштето, парохијата и во спортот да го живеат Евангелието... Учествувајќи во здружението повеќе сте вклучени во Црквата, повеќе ја доживувате Исусовата близина која е извор на радост и подобро учествувате во веронауката и на Литургијата, учите да го читате и следите Евангелието, а така малку по малку и вие станувате мисионери, односно способни на другите да им Го носите Исус – рече Папата.

Слушнав дека ова година вашето воспитно гесло е „Патувајќи кон Тебе.“ Многу е убаво! Вистина е дека сите сме на патот кон Господ, но многумина за тоа не размислуваат. Напротив вие целосно сакате да го живеете тоа патување. А што значи да се патува кон Господ? Значи да се оди по патот на доброто, а не злото; по патот на простувањето, а не осветата; по патот на мирот а не војната; по патот на солидарноста, а не себичноста – објасни Папата.

Во тој поглед многу е вреден потфатот кој со Божја помош имате намера да го преземете за бегалците во бискупијата Агриџенто. Нека Бог го благослови тој проект кој ќе помогне на заедницата во прифаќањето на бројни браќа и сестри кои доаѓаат полни со надеж, но и со многу рани и потреби барајќи мир и леб. Вие со својот ентузијазам и молитва можете да дадете посебен придонес во таа иницијатива, а ве советувам да ја поддржете со некои одрекувања за со младите да го делите она што им е потребно – рече Светиот Отец.

Гледаме дека ве придружуваат одговорните „возрасните“ на Католичката акција во Италија. Срдечно ги поздравувам и им се заблагодарувам за великодушното заземање за вашето христијанско воспитание. На сите ви посакувам среќен Божиќ истотака и на вашите семејства и на целата Католичка акција во сите бискупии во Италија. Бог нека ве благослови и не ве штити Богородица. Ве молам да не заборавите да молете за мене – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.