2015-12-18 15:41:00

Надбискупот Галегер за ватиканската дипломатија


Надбискупот Пол Ричард Галегер, Секретар за односи со државите на 14 декември во Рим одржа конференција на тема „Трета светска војна во делови? Ватиканската дипломатија денес“. После предавањето, надбискупот за Радио Ватикан разговараше за тоа како да се одговори на страшните атентати кои се последица на таа Трета светска војна и можеме ли да се почуствуваме немоќни пред сé она што се случува во Европа.

Мислам дека мораме да станеме свесни за состојбата, да прегледаме што се случува и зошто се случува, па да реагираме христијански, човечки за да предложиме решенија за безедносните проблеми со кои се соочуваат владите – напомена надбискупот и истакна дека треба, исто така, да се обидеме да ги решиме бројните проблеми кои се корени на тој конфликт.

На новинарската забелешка дека кога се зборува за Трета светска војна во делови се мисли, пред сé, на Сирија, Саудиска Арабија, Соединетите Држави, Иран, на регионалните протагонисите, на големите сили... и на прашањето како Ватикан се вклопува во дипломатските односи и која порака ја носи, надбискупот Галагер напомена дека се зборува за Трета светска војна во делови поради тоа што сите конфликти се меѓусебно поврзани. Всушност поради тоа постои опасност од она што денес овде се случува да може да се одрази на Блискиот Исток и обратно.

Светиот Престол продолжува со своите дипломатски активности заедно со меѓунардоната заедница, со нашите партнери и настојува да работи со пастирите на Црквата да ги заштитиме нашите заедници кои се во неволја, во опасност и промовира дијалог и мир во светот, барајќи секогаш дипломатско и политичко решение за големите конфликти кои се водат во овој момент – истакна Секретарот за односи со државите.

Ако ја земеме картата на светот и ги погледнеме сите подрачја кои се во опасност или кои веќе се наоѓаат во конфликт, гледаме дека не е невозможно да се поврзат овие конфликти, а тоа е голема опасност – напомена надбискупот. Видовме во Втората светска војна претседателите кои ја изгубија конторлата над ситуацијата и експлодираа. Тоа секако треба да се избегне и треба да се заземе како што тоа го прави меѓународната заедница, која се залага за решавање на тие проблеми во Сирија, во Либија и за сето она што се случува сега на подрачјето на Големите езера.

Осврнувајќи се на една од последиците на  конфликтите, т.е. на миграцијата, надбискупот напомена дека европските земји ги одржуваат своите општества. Нивните способности се за прифаќање на различни доселеници, со различни традиции, има земји кои редовно примаа групи на доселеници и бегалци во текот на 50 или 60 години. А има и такви кои тоа не го правеа. Поради тоа треба сите тоа го земат во предвид, но исто така треба заеднички да се бара политика за која Европа е во сосотјба да ја зацрта и да тежи кон нејзино остварување. Во спротивно, во Европа би можело да дојде до многу тешка ситуација на политичко ниво на поединечни земји, како и општо во политиката на Унијата – рече Секретарот

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.