2015-12-09 15:59:00

Бискупот Стојанов венча четири парови од Гостивар


Во сабота, 5 декември 2015 година во скопската катедрала, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов на четири парови им ја подели Светата Тајна венчание.

Во својата проповед тој ги охрабри да живеат како христијани, во вера и љубов најпрво со својот сопружник, а потоа и со своите најблиски. Ги потсети на зборовите на свети Павле кој во посланието до Коринтјаните вели: Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не бара свое, не се срди, не памти зло, не се радува на неправда, туку се радува на вистина, се покрива, во се верува, на се се надева. Љубовта никогаш не пропаѓа.

Паровите кои склопија женидба се од Гостивар и повеќе години живеат во цивилно склопен брак. Гостивар е под јуриздикција на скопската парохија, а дон Давор Топиќ - скопски парох и декан, со с. Ангелина Јаковиќ редовно одат таму и се грижат за малото католичко стадо во тој град.

После обредот на венчавката, следеше заедничко агапе во парохиската сала.

к.мк/Е. М.

 








All the contents on this site are copyrighted ©.