2015-12-04 11:00:00

Светиот Дух ги преобразува верниците во храбри мисионери


Во секуларизираниот свет Црквата нека излезе на сите да им го навести Евангелието – рече папата Фрањо на 3 декември среќавајќи се со учесниците на генералното собрание на Конгрегацијата за евангелизација на народите.

Посланието преобразува, обновува и зајакнува во верата и христијанскиот живот – рече меѓу останатото Светиот Отец.

Исукуството на верата денес е изложено на двосмисленост: секуларизираниот свет ги прифаќа евангелските вредности љубов, праведност, мир и разбирање, но не покажува иста расположивост кон Исус Христос; не го смета ниту за Месија, ниту за Божји Син. Евентуално го смета за просветлен човек – објасни Папата и додаде – ја разделува пораката од гласникот, дарот од Дарувачот. Затоа – според зборовите на Папата – многу важно е повторно да се открие „missio ad gentes“.

Мисијата не соодвествува со човечките иницијативи; протагонист е Светиот Дух, е негов план. А црквата е служителка на мисијата – РЕЧЕ Светиот Отец и објасни – Не е Црквата таа која ја прави мисијата, туку мисијата ја прави Црквата обновувајќи ја и зајакнувајќи ја во верата, занесот, образложението и христијанскиот идентитет. Мисијата ја преобразува Црквата во нејзината внатрешност; ете заради што секоја парохија треба да го помине тој пат – е желба на папата Фрањо. На тој начин верниците кои се држат до обичајот на Светиот Дух ќе се преобразат во ученици, а неприврзани, учениците во мисионери, извлекувајќи ги од стравовите и затвореноста и испраќајќи ги во сите насоки сѐ до краиштата на светот – истакна Папата.

Спомнувајќи на неодамнешното апостолско патување во Африка и бројните безимени добри самарјанци кои ги сретнал, Светиот Отец изрази надеж дека Црквата во старите традиции повторно ќе го открие мисионерскиот занес и воодушевување, познато на младите Цркви кои денес се способни не само да примат, туку и да дадат свештеници во криза на звања што – како што рече папата Фрањо – е знак на постигната зрелост и утро на новиот ден. Павле и Варнава зад себе немале дикастерии за мисии – додаде Папата – сепак го навестувале Словото основале повеќе заедници и ја пролеале крвта за Евангелието.

Потоа Светиот Отец силно поттикна Црквата да го слуша Словото и со мисионерски занес и свежина да оди до краиштата на светот, да го слушне крикот на сиромашните и далечните, да се сретне со сите и да ја навести радоста на Евангелието, надежта која не разочарува. Црквата живее и расте „на излезот“ преземајќи иницијатива и правејќи се блиска. Затоа повторно повика сите да излезат надвор од оградата. Да ги напуштиме териториите на кои понекогаш сме во искушение да се затвориме. Така ќе бидеме во состојба да одиме и да сееме понатаму – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.