2015-11-22 16:18:00

Папата: Целиот свет е во војна и за тоа нема оправдување


Војната остава зад себе илјадници деца без образование, многу невини жртви и многу пари во џебовите на трговците со оружје. Не може да се служи на двајца господари: или Бог или богатството. Целиот денешен свет е во војна и за тоа нема оправдување.

Самиот Исус плаче заради отфрлањето на патот на мирот – рече папата Фрањо на светата Литургија на 19 декември во домот Света Марта. Според денешниот евангелски дел Исус приближувајќи се до Ерусалим плачел за градот зборувајќи: „Да беше и ти узнал барем во овој твој ден, што служи за твојот мир? Но тоа е сега сокриено од твоите очи.“ Но и денес Исус плаче затоа што ние со задоволство го избираме патот на војната, омразата и непријателствата – рече Папата. Се приближуваме до Божиќ: ќе има светла, славења, божиќни дрвца и јасли... Сè привидно: светот продолжува да војува и не го сфатил патот на мирот – рече Папата, а тие негови чувства ги делат многу луѓе овие денови.

Светиот Отец спомна на неодамнешното одбележување на трагедијата во Хирошима и Нагасаки и посетата на Редипули по повод 100 годишнината од Првата светска војна. „Бескорисно колење“ – ги повтори зборовите на папата Бенедикт велејќи дека насекаде во светот денес владее војна и омраза. Притоа запраша: Што останува од војната, од она на што денес сме сведоци? Остануваат рушевини, над илјадници деца без образование, многу невини жртви и многу пари во џебовите на трговците со оружје. Исус вели: Не може да се служи на двајца господари: или Бог или богатството.

Војната е токму избирање на богатството, производство на оружје заради доброто на економијата и промовирање на сопствените интереси – рече Папата. Има кај Господ еден грд збор: „Проклети!“ Он кажал: Блажени се миротворците. А оние кои промовираат војна и војуваат се проклети, тие се престапници. Војната – под наводници – може да се оправда со многу причини – рече папата Фрањо – но кога целиот свет е, како што е денес во војна - светска војна во делови – тогаш нема оправдување. И Исус плаче. Додека трговците со оружје работат постојат сиромашни миротворци кои го даваат својот живот само за да помогнат на еден човек, како што правела – како што се изрази Папата – „иконата на нашите времиња“ Мајка Тереза.

Светските моќници со цинизам би можеле да кажат „Па, што направила таа жена? Го изгубила животот помагајќи им на луѓето да умрат?“ Тие не го разбираат патот на мирот – рече Светиот Отец.

И за нас би било добро да молиме за милоста да плачеме над овој свет кој не го препознава патот на мирот кој живее за да војува, а цинично тврди дека не војува. Да молиме за преобраќање на срцата. Во пресрет на Јубилејот на милосрдието – поттикна Папата – да молиме за милост светот повторно да ја открие способноста за плачење за своите злосторства, за она што го прави во војните.

РВ/к.мк/Д.И. 








All the contents on this site are copyrighted ©.