2015-11-17 14:12:00

Тага и молитва за жртвите на терористичкиот напад


По повод терористичкиот напад надбискупот на Париз кардинал Андре Вингт-Тоис напиша порака во која повикува на молитва за жртвите на нападот и прогласување на денови на жалост.

По нападот во јануари, по атентатот оваа недела во Бејрут и мноштво други напади во последните месеци особено во Нигерија и другите африкански земји нашата земја повторно доживеа болка и жалост и мора да се соочува со варварската пропаганда на фанатична група – напиша во порака по повод вчерашниот терористички напад надбискупот на Париз кардинал Андре Вингт-Троис.

Ги повикувам католиците во Париз да молат за сестрите и браќата кои се убиени, за нивните семејства, за ранетите како и за оние кои им помогнале, за безбедносните сили кои се под страшен притисок, за нашата влада и нашата земја за да останеме цврсти во единството и да го сочуваме мирот во срцето – стои во пораката на парискиот надбискуп.

Од парохиите побара строго да се придружуваат до безбедносните мерки на јавните власти и денес и утре – сабота и недела – да се прогласат за денови на жалост и молитва. Кардинал Вингт-Троис во неделата ја предводи Литургијата во катедралата Нотре Дам за жртвите на нападот.

Соочени со насилството да молиме за милост да стекнеме цврсти срца без омраза. Нека трезвеноста и внимателноста кои досега сите ја искажаа продолжи во претстојните недели и месеци; никој да не дозволи да го совладаат паника или омраза. Да молиме за милост за да бидеме миротворци. Не треба никогаш да се изгубат надежта и мирот ако градиме праведност – заврши парискиот надбискуп.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.