2015-11-17 14:53:00

Папа Фрањо: Време е за помирување на различностите


Католиците и лутераните треба да молат за опростување поради скандалот со раздорот, додека одат заедно на патот за служење на сиромашните и оние во потреба – е една од мислите на пораката на Папата за време на неговата посета на Евангелско – лутеранска црква на 15 ноември во Рим. За време на средбата се зборуваше и за терористичкиот напад во Париз и Светиот Отец напомена дека „дури и Божјото име се злоупотребува за затворање на срцата“.

После читањето од евангелието по Матеј, за Последниот суд, Папата запраша: „Кое прашање ќе ни го постави во оној ден? “Дали одеше на света Литургија? Дали добро катехезираше?“ – Не, прашањата ќе бидат за сиромашните затоа што сиромаштвото е во средина на евангелието.“

Исус, богат, се направи сиромашен за да со своето сиромаштво нас нé збогати. Не ја задржава привилегијата на еднаквост со Бога, туку ја поништи, се лиши сé до крајот, до смртта на крстот. – потсети папа Фрањо, објаснувајќи дека служењето е Христов избор. Исус е Бог? Вистина. Тој е Господ? Вистина – но избра да биде слуга.

Дали ти твојот живот го искористи за себе или за служење? За одбрана од другите подигнувања на ѕидови или за нивно привлекување со љубов? Тоа ќе биде конечниот Господов избор, по тоа Тој ќе нé суди. А каде ќе бидеме ние - лутерани и католици? Од Господовата десна или лева страна? – запраша Папата.

Изборот ни е служење за Господ – е решението кое го предложи Светиот Отец. Иако сме различни, иако нашите догматски книги не се сложуваат, Папата на патеката на еден лутерански мислител, истакна дека денес е време за „помирување на различностите“. „Денес молиме за таа милост за помирување на различностите во Господ, односно служење на Господ“ кој дојде да служи, а не да му се служи“ - истакна на крајот Светиот Отец.

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.