„Во Алепо останале само најсиромашните христијански семејства, бидејќи немаат можност да ја напуштат земјата. Малата помош не може да ги задоволи потребите на нашите браќа и сестри“.
Ова го истакна Сиро-католичкиот архиепископ на Алепо монсињор Денис Чада, пред добротворната организација со папско право „Помош за црквата во потреба“. „Пред почетокот на војната христијанските семејства во епархијата беа 1500, а сега останале 800. Од нив 750 живеат со помош од Црквата: облека, храна, лекови, па дури и парична помош за основните потреби“, вели архиепископот.
„Зимата во Алепо е многу ладна, а од пред неколку месеци, градот остана без електрична енергија и горивото е единствениот начин за семејствата да се затоплуваат“, додава монсињор Чада. „Бомбардирањето не ја поштедија катедралата ниту седиштето на Сиро-католичкиот архиепископ, но за среќа црквите во епархијата сѐ уште се задржани и се посетуваат. Секој ден се служат литургии. Благодарение на Бог, Алепо е заштитена од сириската армија и џихадисти не успеаја да навлезат во градот. Во спротивно немаше да останат ниту христијани, ниту муслимани“.
Со приближувањето на Божиќ, монсињор Чада изрази надеж дека меѓународната заедница ќе ѝ помогне на Црквата да остане во Сирија и се погрижи за верниците кои умираат од глад и жед, поради војната и болестите. Се надеваат е дека војната ќе заврши во најскоро време, за да можат христијаните да се вратат и да продолжат да живеат во мир и слога.
РВ/В.Н.
All the contents on this site are copyrighted ©. |