2015-11-16 15:56:00

Папата: Насилството не ги решава проблемите на човештвото


Папата Фрањо по денешната молитва Ангел Господов изрази болка заради терористичките напади во Париз. На францускиот претседател и на сите граѓани им го пренесува своето братско сочувство, а особено искажа блзина со ранетите луѓе и семејствата кои ги загубија своите сакани.

Таквото варварство нè остава запрепастени и се прашуваме како човечкото срце може да смисли и да оствари такви ужасни дела кои се ја потресоа не само Франција туку и целиот свет. Пред таквите неподносливи дела не може да не се осуди таа неопишлива навреда на човечкото достоинство. Сакам силно да потврдам дека патот на насилството не ги решава проблемите на човештвото и користењето на Божјото име за тој пат да се оправда е богохулење – рече Светиот Отец.

Ве повикувам со мене да се обедините во молитвата: да ги довериме на Божјото милосрдие сите беспомошни жртви на оваа трагедија; нека Дева Марија Мајка на милосрдието во срцата на сите луѓе поттикне мудрост и мирољубивост: Да ја молиме да го штити и да бдее над саканиот француски народ, над Европа и на целиот свет – рече папата Фрањо повикувајќи ги собраните на кратка молитва во тишина, молејќи потоа со нив Радувај се Маријо.

Истотака потсети дека вчера Во Трес Понтас во Бразил за блажен е прогласен дон Франциско де Пула Виктор бразилски свештеник со африканско потекло син на робинка. Бил великодушен парох ревен во катехезацијата и делење на светите Тајни, одликувајќи се пред сè со голема понизност. Нека неговото посебно сведоштво биде пример за многу свештеници кои се повикани да бидат понизни служители на Божјиот народ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.