2015-11-12 10:27:00

Папата го прими претседателот на Босна и Херцеговина


Во среда 11 ноември 2015 година Светиот Отец  на кратка посета го прими претседателот на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ. На срдечната средба обраќајки се до претседателот Човиќ, Светиот Отец истакна:

На сите вас сакам да Ви се заблагодарам за Вашата посета; и како што веќе му кажав на господинот Претседател, сé уште во своето срце чувам многу големи и убави работи кои ги научив од вас: способност за трпение – толку многу сте страдале; способност за опростување – или барем за барање прошка; способност за заедничка работа и способност за дијалог. Многу ви благодарам на овие примери кои ги давате на човештвото. Многу ви благодарам. Ве молам во мое име да го поздравите својот народ; целиот народ; да ги поздравите и двајцата потпретседатели; и заедниците кои припаѓаат на други религии, но кои се здржуваат и разговараат за доброто на својата земја.

Тоа е служење за доброто на вашата татковина. Од срце сум ви благодарен што тие можат меѓусебно да разговарат и што помагаат татковината да напредува. Поздравете ги и младите! Сé уште се сеќавам на нивните прашања кои ми ги поставија! Тие се надежта на вашата татковина. Многу ви благодарам и ве замолувам да молите за мене. Сега да го замолиме Бог; Бог сите нека нé благослови; нека го благослови нашиот живот, татковина, нашите семејства, нашите деца и иднината на Босна и Херцеговина. И понатаму напредувајте по тој пат! Амин! – рече на крајот Папата.

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.