2015-11-06 17:51:00

Повод: Неовластеното објавување на доверливи документи


Минатиот викенд во Ватикан се уапсени две лица кои на новинарите им давале доверливи ватикански документи. Врз основа на тие документи напишани се две книги кои ја критикуваат работата на Римската курија.

Неколку ватикански функционери ги коментираа овие настани:

Кардиналот Франческо Кокопалмерио, претседател на Папскиот совет за правни текстови, предупреди да не се наседне пред целта што ја имаат сите тие кои стојат позади ова неовластено објавување на документите и кои сакаат да остават впечаток дека во Ватикан се случуваат лоши работи. Кардиналот рече дека треба да се постави прашање на кои сили надвор од Ватикан им одговара овој скандал, имајќи во предвид дека Папата со својата енциклика „Laudato si“, повикува на идејата за целосна екологија која наруши многу интереси.

На внимателно подготвената операција за проток на информации предупреди и епископот Марчело Семераро, секретар на Кардиналскиот совет, кој му помага на Папата во реформата на ватиканската администрација. Тој изјави дека станува збор за обид да се блокираат тие реформи, но дека таквиот обид нема да успее.

Изјава за Радио Ватикан даде и портпаролот на Светиот Престол, отец Федерико Ломбарди, кој истакна дека публикацијата на украдените информации дава нецелосна тенденциозна слика за она што се случува во финансиското работење на Ватикан. Овие книги тврдат дека таму владее хаос, а се игнорира фактот дека во меѓувреме е воспоставена успешна финансиска контрола, со независни ревизори и дека тоа ќе остане на сила.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.