2015-11-06 17:42:00

Папата: Солидарност со прогонетата Црква


На крајот на Генералната аудиенција во среда 4 ноември Светиот Отец ги поздрави полските верници и поклоници и потсети дека идната недела во Полска ќе се одбележи „Денот за солидарност со прогонетата Црква" по иницијатива на фондацијата „Црква во неволја“ во соработка со епископски конференција на земјата.

„Оваа година - рече Папата - духовната и материјална помош е насочена особено кон христијаните во Сирија. Нека вашата молитва и солидарност им даруваат утеха и поддршка на браќата и сестри во Христос кои страдаат на Блискиот Исток и во целиот свет".

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.