2015-11-01 12:30:00

Папата го прими претседателот Иванов


Папата Фрањо во сабота 31 окотмври 2015 година во Апостолската палата го прими претседателот на Република Македонија Георге Иванов, кој потоа се сретна со ватиканскиот државен секретар Пиетро Паролин и секретарот за односни со државите архиепископот Пол Галагер.

Разговорот помина во срдечна атмосфера, изразено е задовлоство од билатералните односи со желби да се остварат напорите околу придружување кон Европската унија, стои во ватиканското соопштение. Истакнати се некои прашања од меѓународната политика и сегашниот голобален контекс, како и прашања до економска и социјалана природа, како и потребата од давање заедничка помош на големиот број бегалци. На крајот е нагласена важноста од подржување на мирниот соживот и дијалог меѓу разните етнички и верски групи во Македонија

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.