2015-10-24 13:12:00

Синодската комисија дискутира за завршниот документ


„Комисијата од десет кардинали, именувана од Папата, интензивно работи на завршниот документ“. Ова го потврди отец Федерико Ломбарди на вообичаениот брифинг за работата на Синодата.

На прес-конференцијата се зборуваа кардиналот Освалд Грасијас, архиепископ на Бомбај и член на Комисијата, епископот Тонга, најмладиот член на кардиналскиот колегиум и архиепископот на Лос Анџелес, Жозе Гомез.

Кардиналот Грасијас се осврна на зборовите на папата Фрањо за „разумната децентрализација“, што вклучува „формација на епископите на теолошко, морално и канонско ниво, за разбирање на различните пасторални пристапи кои се потребни за решавање на конкретните проблеми во секоја земја“. „Папата дојде кај нас, но не за да дискутираме, туку да ни честита за работата на Комисијата и да ја нагласи важноста на семејството“, додаде индискиот кардинал.

Архиепископот на Бомбај зборуваше и за методата на работа на Комисијата: експертите ги разгледуваат над 700 амандмани поднесените за завршниот документ, во потрага по најважните предлози. Токму Комисијата одлучува кои од нив ќе се вклучат во завршниот документ на Синодата, за да се истакне главната порака.

Во моментов Комисијата работи на нацртот, кој ќе биде претставен на синодските оци и ќе биде разгледан, објасни кардинал Грасиас. Предвидено е заклучниот документ да започнува со преамбула, а амандманите треба да бидат претставени во писмена форма. Комисијата ќе го обработи конечниот текст и на 24 октомври наутро ќе биде прочитан во синодалната сала. Гласањето за финалниот документ е предвидено за попладне, параграф по параграф. На крајот папата Фрањо ќе одлучи дали документот ќе биде објавен или не.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.