2015-10-24 12:59:00

Папата: Исусовото ветување е дека со Него ќе се сретнеме


Во проповедта на светата Литургија на 22 октомври во капелата на домот Света Марта, Светиот Отец коментирајќи го делот од Посланието на свети Павле до Римјаните истакна дека нашето посветување е плод на Светиот Дух Кој ни е даруван во Исус Христос.

Папата рече дека постигнувањето на личното посветување не може да се спореди со победата која спортистот ја постигнува со упорно вежбање. Не. Нашиот напор, нашето секојдневно служење на Бог со душата, срцето и телото, со целосниот живот ја отвора вратата за делувањето на Светиот Дух. Духот влегува во нас и нè спасува, Тој ни е даруван во Исус Христос. Инаку ќе бидеме како факир, а ние не сме факири. Свети Павле нè поттикнува на Светиот ДУх неуморно да му ја отвораме вратата – објасни Папата, додавајќи:

Сретнав пред неколку месеци една жена мајка со семејство која ја мачи многу опасен тумор. Изгледаше среќна како да е здрава. Зборувајќи за своето однесување ми кажа: „Сè ќе направам за да го победам туморот!“ Таков треба да биде христијанинот, бидејќи во Исус Христос примивме дар: од гревот, од неправедноста поминавме во живот, во Христос, во Светиот Дух. Секој ден треба да направиме еден чекор напред – поттикна папата Фрањо.

Исусовото ветување дека со Него ќе се сретнеме, ни помага да не се откажеме, да не се враќаме во неправедноста, туку да чекориме кон тој дар. Да молиме милост од Господ да бидеме внимателни, постојани во насочувањето на животот кон средбата, бидејќи во Исус Христос примивме милост за оправдување, дар на милост, дар на Светиот ДУх – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.