2015-10-21 11:42:00

На Блискиот Исток се извршува геноцид врз христијаните


Над 450.000 сириските христијани се прогонети од своите домови од т.н. Исламска држава за време на граѓанската војна. 120.000 ирачки христијани исто беа принудени да ја напуштат својата татковина од џихадисти. Тие бегаат од Мосул и од Ниневија кон ирачкиот Курдистан. Малку христијани сеуште се наоѓаат во Багдад. Овие податоци се обајвени за време на средбата „Геноцид над христијаните", која се одржа на 19 октомври во парламентарната аула на дворецот Монтечиторио во Рим.

„Кога недостасува стабилност и нема сигурност цената секогаш ја плаќаат слабите" рече патријархот на Антиохиската сириска црква Игнатиј Јосиф Трети Јунан. „Ако ситуацијата во т.н. Исламска држава остане непроменета и никој не ги запре терористичките банди, нема надеж за христијаните на овие простори! Тоа е реална закана за сите нас", додаде тој.

„Постои опасност земји како Ирак и Сирија да целосно да се запустат. Христијаните во нив се подложени на ужасни гонења поради својата религија", рече Вавилонско калдејскиот патријарх во Ирак Луис Рафаел Сако. „Потребно е да покажеме сочувство пред оваа трагедија и секој да си го постави прашањето, како тоа кога ова е нашата држава, нашата земја, нашата историја зошто јас како Ирачанец да бидам освоен? Религијата не е единствената причина. Треба да ги разграничиме поимите религија и држава", додаде патријархот.

Патријархот на Католичката мелхитска црква Григориј Лахам потсети дека 50% од сириските лекари се протерани и со страв се исполнети сите христијани. Само во Сирија се уништени над 140 цркви. „Сирија не сака да има војна", додава патријархот. Неговиот христијански апел е упатен кон целиот свет во потрага по мирно решение на проблемите, не само за Сиријците, туку за сите луѓе во светот!

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.