2015-10-19 13:22:00

Струмица дел од „Милион деца молат Бројаница“


Децата од парохијата Свети Иван Крстител - Струмица во недела 18 октомври 2015 година пред светата Литургија молеа света Бројаница и на тој начин се приклучија на големата молитвена акција „Милион деца молат Бројаница“, а се моли за единство и мир во светот.

Молитвената акција „Милион деца молат Бројаница“ е поттикната во Венецуела во 2005 година и од тогаш е се проширува низ целиот свет. Иницијаторите на молитвената акција се повикуваат на зборовите на свети Падре Пио: „Ако еден милион деца молат Бројаница, светот ќе се промени". На тој начин иницијатива ја добива својата цел и име.

к.мк/РВ








All the contents on this site are copyrighted ©.