2015-10-16 09:50:00

Апел на епископите од Велс за насилството во Светата Земја


Монсињор Деклан Ланг, претседател на Комисијата за меѓународни работи на Eпископската конференција на Велика Британија и Велс, упати апел до палестинските и еврејски лидери за прекин на меѓусебните обвинувања и спротивставување на логиката „око за око, заб за заб". Во објавеното писмо епископот изразува длабока загриженост за насилството во Ерусалим и ги повикува земјите на дијалог.

Епископот Ланг истакнува во писмото дека за време на посетата во Светата Земја бил сведок на тешкотиите кои ги доживуваат Палестинците и дека смртта за нив понекогаш се покажува како единствена надеж за спасение. Сепак „цврсто верувам дека тој очај не треба да се претвори во неконтролирани дела на насилство. Израелските власти треба да се обврзат да се спроведува владеењето на правото", изјави епископот. „Мирот бара правда. Во спротивно односите меѓу луѓето се влошуваат и отвораат пат за насилството". Монсињор Ланг апелира за обновување на мировните преговори меѓу Палестинците и Евреите, кои ќе доведат до мирен и праведен соживот на двете страни.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.